Словенија е новиот ривал на Македонија во Лигата на нации, соочување закажано за вечерва од 20:45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана.
Словенците се репрезентација која има свои проблеми, не е во ритам и се чини доаѓа во идеално време за нашата селекција која веќе подолго време е непрепознатлива со играта на теренот, но и резултатите.
Националниот тим нема победа повеќе од една година или поточно последната радост ни е против Лихтенштајн на 7 септември кога како домаќини триумфиравме со 5-0 во квалификациите за Светското првенство.
Од тогаш па натаму одигравме девет натпревари, претрпевме четири порази и тоа катастрофални (Швајцарија 3-0, Турција 4-0, Данска 4-0 и Велска 7-1), додека петпати ремизиравме. Она што загрижува е дека во овој период имаме дадено само два гола и тоа во соочувањата со Казахстан (1-1) и Велс (7-1).
Стрелец на последниот гол за Македонија е Бојан Миовски на 18 ноември минатата година што јасно покажува во каква ситуација се наоѓаме. Тимот под водство на Гоце Седлоски се уште чека на првиот гол (пет средби сме на „нула), па можеби Словенија е идеална можност за драстична промена со оглед на тоа што и тие на последните единаесет официјални средби имаат само еден триумф и тоа против Црна Гора од 3-2 (пријателска)








