Делови од Општина Центар утре без вода

Макфакс

28/09/2026

15:30

149

Големина на фонт

а а а

Од ЈП Водовод и Канализација информираат за прекин на водоснабдувањето на делови од Општина Центар поради изведување на водоводен приклучок на улицата Владимир Полежиновски.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 29.09.2026г. поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на ул.Владимир Полежиновски 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Владимир Полежиновски и дел од ул.20-ти Октомври.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)