Две лица направиле хаос во казино во Кисела Вода – кршеле инвентар и активирале противпожарни апарати, гости и вработени завршиле на Клиника

Макфакс

28/09/2026

12:40

301

Големина на фонт

а а а

Две лица предизвикале инцидент во казино во Кисела Вода, оштетувајќи инвентар и активирајќи противпожарни апарати, по што неколку гости и вработени се пренесени на Клиника поради проблеми со дишењето.

Две лица предизвикале инцидент во казино на подрачјето на Кисела Вода, при што бил оштетен дел од инвентарот, а неколку гости и вработени биле пренесени на Клиниките поради проблеми со дишењето.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 28 септември во 02:35 часот. Двете лица ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон жена, но не ја погодил.

Според пријавеното, тие оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати. Поради проблеми со дишењето, неколку гости и вработени биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Фото: илустрација