Фолксваген излетал од патот: возачот со тешки повреди пренесен во болница

Макфакс

28/09/2026

12:40

166

Големина на фонт

а а а

Во близина на Струмица патничко возило од марката Фолксваген излетало од патот, при што возачот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница. На местото на несреќата интервенирала полицијата.

Во Полициската станица Струмица синоќа во 23:30 часот е пријавено дека на локалниот пат Струмица - с. Просениково, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.П.(48) од село Просениково, струмичко, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.