Во близина на Кичево, возач на мотоцикл удри во пешак, при што возачот се здоби со тешки повреди, додека пешакот се здоби со полесни телесни повреди. На местото на несреќата извршен е увид од полицијата.
Вчера во 15:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај кичевското село Подвис, С.Т.(48) од Кичево кој управувал мотоцикл „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.А.(51) од Кичево.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево, додека Б.А. се здобила со телесни повреди.
Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Охрид.








