Патнички авион на компанијата Делта кој летал од Барселона кон Бостон изврши принудно слетување во Порто, по појава на чад во кабината. Неколку патници биле хоспитализирани, а авионот бил пренасочен поради технички проблем.
Авион на компанијата „Делта“, кој летал од Барселона кон Бостон, вчера попладне изврши принудно слетување во португалскиот град Порто. Авиокомпанијата соопшти дека летот DL251 бил пренасочен поради технички проблем и дека авионот безбедно слетал.
Чад во кабината; тројца патници хоспитализирани
Портпарол на португалските служби за цивилна заштита и итни интервенции изјави дека инцидентот бил предизвикан од појава на чад во кабината. На осум патници од авионот „Ербас А330“ им била укажана лекарска помош на пистата на аеродромот „Франсиско Са Карнеиро“, а тројца биле пренесени во болница на понатамошен третман.
Според податоците од сервисот за следење летови „Флајтрадар24“, авионот полетал од Барселона во 15:15 часот, а слетал во Порто во 17:45 часот по локално време.








