Уапсени осум лица: Кај нив при преглед е пронајдена дрога

Макфакс

28/09/2026

11:41

165

Големина на фонт

а а а

Вчера во Скопје и Велес беа уапсени осум лица кај кои при преглед биле пронајдени и одземени различни видови дрога, вклучувајќи марихуана и бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни обвиненија.

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Х.(30), Б.Л.(27), С.Р. (24), Р.Б.(29), Р.Ч.(27) и 17-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Џ.Л.Г.(29) од Обединетото Кралство, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава и бела прашкаста материја и ризли.

На 27.09.2026 во 17:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Ѓ.(37) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.