Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија

Макфакс

28/09/2026

09:10

201

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, ќе престојува во официјална посета на Саудиска Арабија каде што ќе оствари важни средби со претставници на Консултативниот совет и ќе присуствува на пленарна седница.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на 28 септември ќе престојува во посета на Ријад, Кралството на Саудиска Арабија.

Делегацијата предводена од претседателот Гаши е во состав: Никола Мицевски, координатор на ВМРО – ДПМНЕ; Оливер Спасовски, координатор на СДСМ и Аднан Азизи, заменик координатор на Влен.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средба со својот хомолог, Шеик д-р Абдула бин Мухамед бин Ибрахим Ал-Шеик, претседател на Консултативниот совет (Шура), како и со пратеници и членови на Групата за пријателство, а ќе присуствува и на пленарна седница на Советот на Шурата.