Многу делегации ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН за време на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ги нарече „морални кукавици“ оние што си заминаа. Израелски дипломат го запишуваше кои делегации не присуствуваа, а протестот беше насочен против војната во Газа и израелската политика кон Палестинците.
Бројни делегации ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН за време на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во видео снимено за време на говорот, може да се види како еден израелски дипломат поминува покрај празните столчиња и запишува кои делегации се отсутни, пренесуваат светските медиуми.
Пред говорот беше објавено дека токму на ова ќе се обрне внимание. Израелскиот „Џерусалем пост“ напиша дека, покрај содржината на говорот на Нетанјаху, посебно внимание ќе се посвети на настаните во салата и кои делегации ќе останат присутни додека тој зборува.
WATCH: Israeli delegation went around the UN hall checking which delegations had left during Netanyahu’s speech. https://t.co/Oz8Q6DdFsc
— Clash Report (@clashreport) September 25, 2026
Нетанјаху реагираше на излегувањето на делегатите уште на почетокот од својот говор. Тој ги нарече оние што ја напуштија салата „морални кукавици“ и ги повика и другите што не сакаа да го слушаат неговиот говор да си заминат.
Масовното излегување беше протест против војната на Израел во Газа и политиката на израелската влада кон Палестинците. Нетанјаху го продолжи својот говор пред многу попразна сала, додека член на израелската делегација ги забележа делегациите што повеќе не беа на своите места.








