ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува Филипче да продолжи да го води СДС

Макфакс

25/09/2026

09:50

179

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува Венко Филипче да не се откажува и да продолжи да го води СДС, при што ја коментираат внатрепартиската ситуација и нападите кон нив.

Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што Венко Филипче ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за деликатноста на внатрепартиските состојби и поделеноста во СДС е само со цел да го оттргне вниманието од проблемите и да се обиде да ја задржи кохезијата внатре во партијата.

Од аспект на ВМРО-ДПМНЕ, вистината говори дека за нас нема подобро решение од тоа Венко Филипче да биде претседател на СДС. Го охрабруваме да не се откажува и да продолжи да го води СДС“, порачуваат од партијата.