Зеленски: Нехуман и одвратен напад врз Киев, загина 14-годишно момче

Макфакс

25/09/2026

09:50

181

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, осуди нехуман и одвратен напад со дрон врз Киев, при што загина 14-годишно момче. Нападите продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во неколку украински региони, а Украина повикува на засилување на санкциите кон Русија за да се постигне мир.

„Утринава, Русите со дрон нападнаа станбена зграда во Киев. За жал, загина 14-годишно момче. Изразувам сочувство до неговото семејство и блиските. Повредени се уште седум лица. Пожарот на местото на настанот е изгаснат, а спасувачките екипи продолжуваат да се справуваат со последиците. Станува збор за апсолутно нехуман и одвратен напад, лишен од каква било воена логика“, напиша претседателот на Украина Володомир Зеленски.

„Од утринава, во нашите региони постојано постои закана од напади. Вкупно осум региони се под напад од почетокот на денот. Во Одеса загина едно лице при повторен напад врз поштенски терминал. Во Запорожје беше нападната медицинска установа во момент кога таму имаше луѓе. Има повредени во регионите Суми и Миколаев.

Деновиве, Украина отворено им укажа на своите партнери за време на нашите средби: до доаѓањето на зимата, Русија само ќе ја ескалира ситуацијата доколку не се изврши притисок. За дипломатијата да даде резултат, неопходно е да се спроведат американските санкции и да се засилат европските. Нашите партнери го држат клучот кон мирот – преку сила. Русите мора да сфатат дека нема да можат да издржат докрај и дека војната мора да заврши“, додаде Зеленски и упати благодарност до сите што помагаат.