[ВИДЕО] Кинескиот претседател се насмеа гласно кога Трамп му го покажа портретот на Бајден

Макфакс

25/09/2026

08:50

336

Големина на фонт

а а а

Кинескиот претседател Ши Џинпинг, познат по своето сериозно и воздржано јавно однесување, се насмеа на шегата на американскиот претседател Доналд Трамп. За време на обиколката на Белата куќа, Трамп му покажа врамен „autopen“ – уред за автоматско потпишување – поставен на местото каде што вообичаено би стоел портретот на поранешниот претседател Џо Бајден.

Снимката од тој момент привлече големо внимание, бидејќи го прикажа Ши во ретко, опуштено издание за време на неговата прва државна посета на САД по повеќе од една деценија.

На видеото објавено од Белата куќа на социјалните мрежи се гледа како Трамп го води Ши низ колонадата на Белата куќа. Тие застанаа кај делот што Трамп го нарекува „Претседателска куќа на славните“, каде што се изложени портрети и плакети во чест на американските претседатели.

„Ова е ’автопен‘… тоа е Бајден“, рече Трамп, покажувајќи кон сликата.

Ши гласно се насмеа на ова, а му се придружија и другите членови на делегацијата.