Почувствуван земјотрес во Битола, Ресен и околината, епицентарот во Грција

Макфакс

24/09/2026

22:50

162

Големина на фонт

а а а

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9.

Земјотресот беше почувствуван во југозападните делови на Републиката, Битола, Ресен и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.