Со автомобил удрил во лице во инвалидска количка во Скопје

Макфакс

24/09/2026

13:10

222

Големина на фонт

а а а

Во Скопје, лице во инвалидска количка беше удрено од возило, при што се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесено во болница. Случајот го истражува полицијата.

Возач удрил во лице во инвалидска количка во Скопје. Лицето со тешки повреди е пренесено во болница.

Според информациите на МВР, вчера околу 10:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(41) од Скопје, удрило во инвалидска количка, во која бил Т.П.(70) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.