Рубио и Лавров се сретнаа во Њујорк: „Војната во Украина ќе заврши со договор“

Макфакс

23/09/2026

18:26

439

Големина на фонт

а а а

Марко Рубио и Сергеј Лавров се состанаа во Њујорк за да разговараат за војната во Украина и можностите за договор кој би завршил конфликтот, со акцент на примирје и ублажување на глобалните притисоци.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се сретнаа денес во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Разговорите започнаа без прес-конференција и продолжија зад затворени врати. Лавров и Рубио последен пат се сретнаа пред два месеци, на 22 јули, на маргините на состаноците поврзани со АСЕАН во Манила.

„Мислам дека двете страни изразија интерес за одреден ограничен прекин на огнот, што би вклучувало снабдување со жито и енергија. Тоа нема да ја заврши војната, но мислам дека на некој начин би можело да ги ублажи дел од глобалните притисоци“, рече Рубио.

Тој нагласи дека војната во Украина нема да се реши на бојното поле. „Мислам дека сите го препознаваат тоа преку преговори и договор, и сите го разбираме тоа. Колку побрзо го постигнеме тој договор, толку помалку уништување и помалку луѓе ќе умрат од двете страни. Тоа е она што го сака претседателот“, рече американскиот државен секретар.

Според него, идејата за одржување нова средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп сè уште не е дискутирана.

„Тоа не беше дискутирано денес. Очигледно, тоа би бил идеален состанок што би дал резултати, но за тоа е потребна многу работа“, рече Рубио.

По средбата со Трамп синоќа, претседателот на Украина,Володимир Зеленски, рече дека Украина е подготвена за „енергетско примирје“.

„Подготвени сме за енергетско примирје ако Русите не ја нападнат нашата енергетска инфраструктура“, рече тој, додека американскиот претседател е уверен дека Русија и Украина ќе постигнат договор за крај на војната.

 

фото/ЕПА