Отворена истрага за нападот врз гинекологот во Букурешт

Макфакс

23/09/2026

16:50

179

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство во Скопје отвори истрага за насилството врз гинеколог во поликлиниката Букурешт, каде што еден осомничен физички го нападнал лекарот и му се заканувал, со цел да се обезбеди безбедноста на оштетениот.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице во врска со нападот врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“.

Против едно лице е отворена истрага за кривично дело насилство.

„Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката ‘Букурешт’, осомничениот извршил грубо насилство врз лекар – гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканувал и физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата“, соопшти обвинителството.

Јавниот обвинител до судот достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата.