[ФОТО] Меланија Трамп пристигна на Генералното собрание на ОН: Изгледа како милион долари

Точка

23/09/2026

08:05

666

Големина на фонт

а а а

Меланија ја пуштила косата и ја стилизираше во нежни бранови, додека шминката ѝ беше во нејзиниот препознатлив стил, со нагласени очи.

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, пристигна на Генералното собрание на ОН во црн костум со нагласени рамена и крој на половината, кој го комбинираше со бела блуза со висока јака. Блузата особено се истакнуваше со мекиот шал-ефект околу вратот, што ѝ даваше на строгата комбинација поженствен изглед.


Таа носеше црни панталони со рамен крој, додека целото издание го задржа во минималистички тон, без впечатлив накит и модни додатоци.

Костумите станаа важен дел од нејзиниот стил

Меланија ја пуштила косата и ја стилизирала во меки бранови, додека шминката ѝ беше во нејзиниот препознатлив стил, со нагласени очи.


Црните костими и монохроматските комбинации не се нови во нејзиниот гардеробер. За време на вториот мандат на Доналд Трамп, првата дама сè повеќе избира строго кроени костими и неутрални бои.

„Вашингтон пост“ претходно забележа дека таа претежно ги заменила впечатливите комбинации од нејзиниот прв мандат со поедноставени изданија во црна, бела, сива и други неутрални тонови. Неодамна, таа носеше креации на модни куќи и дизајнери како што се „Долче и Габана“, „Ралф Лорен“, „Том Браун“ и „Проенца Шулер“.


На почетокот на годината, „Вог“ ја издвои и нејзината склоност кон прецизни, остри кроеви, наведувајќи дека токму овој изглед стана важен дел од нејзиниот моден идентитет за време на нејзиниот втор престој во Белата куќа.