Денеска неколку скопски општини ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во одредени делови на градот, со точни временски периоди наведени за секоја зона.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07.55 до 09.55 часот, дел од корисниците од улиците Тале Христов и Костурска, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Мишко Михајловски и улицата Емил Зола, општина Кисела Вода;
· во периодот од 10.05 до 12.05 часот,дел од корисниците од улица Боро Меков, општина Бутел;
· во периодот од 13.00 до 14.00 часот- корисниците од улица Варшавска, општина Карпош.








