Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките, народот плаќа, велат од СДСМ

Макфакс

21/09/2026

16:57

185

Големина на фонт

а а а

Цената на дизелот се зголеми на 104,5 денари за литар, што предизвикува нови трошоци за граѓаните и влијае врз земјоделството и превозот. СДСМ тврди дека Владата и Мицкоски не презеле мерки за намалување на цените, а тоа се одразува негативно врз семејните буџети и економијата.

Дизелот поскапе на 104,5 денари за литар

велат од СДСМ, тоа како што оценуваат е нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.

Предлози и одбивање

Од партијата додаваат дека навреме имаат предложено конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните.

„Укинување на акцизата, ДДВ намалување на 5%, минимална плата од 600 евра.

Арамијата Мицкоски ги одби. Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните.
Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните. Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи.
Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните.
Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците.
Има пари за 50 члена делегација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата.
Тоа е арамиска власт“.

Последици за граѓаните

Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата, додаваат од СДСМ, профитира од секое ново поскапување.

Ова, според нив, е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните.