Кривична пријава за советник во Струга поради лажни решенија за приватизација на земјиште

Макфакс

21/09/2026

13:20

155

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против советник од Министерството за финансии поради сомневање дека изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување.

Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишниот А.М. од Струга, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Струга, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа.

Според МВР, пријавениот, кој работел како советник и овластен потписник на акти, во текот на 2022, 2023 и 2024 година изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица.

Тој, како што се наведува, самоволно ставал службен печат за правосилност на решенијата и ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности во Струга, без претходно да ги достави до надлежна институција за мислење.