Соопштенијата на СДСМ им се пишувани со ChatGPT, користат вештачка интелигенција, а се против дата-центри, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

19/09/2026

11:32

143

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозициската СДСМ дека користи вештачка интелигенција за подготовка на партиските соопштенија, но се против изградбата на дата-центри, при што ја критикува политиката и лидерите на СДСМ за нивните парадокси и лицемерие.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за користење на вештачка интелигенција и против дата-центри

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДСМ дека користи вештачка интелигенција за подготовка на партиските соопштенија, а во исто време е против изградба на дата-центри.


„Талогот полека пресушува, па влегува во сопствени парадокси. Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис. Е, тоа е парадоксот и лицемерието на Венко, Зоран Заев и неговата дружина. Оваа партија стана приватен клуб на Зоран Заев и неговите полтрони како Венко Филипче. Но, додека Венко е на чело на СДС, ова СДС нема никакви шанси да порасне и да зајакне“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.