Педесет и седумгодишна жена од Скопје била повредена од заталкано зрно од оружје додека била во дворот од својот дом, а МВР работи на расчистување на случајот.
Педесет и седумгодишна скопјанка била повредена од зиталкано зрно од оружје додека се наоѓала во дворот од семејниот дом.
Како што соопшти МВР, синоќа во 21:45 часот во СВР Скопје од Поликлиниката Драчево било пријавено дека кај нив со повреда била донесена Ј.С.(57) од Скопје.
Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека била во дворот од семејниот дом, почувствувала удар во рамото. По извршениот преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од оружје.
Се работи на расчистување на случајот.








