Утре до 29 степени, попладне локално пороен дожд и грмежи, најавува УХМР

Макфакс

14/09/2026

18:00

161

Големина на фонт

а а а

Утрешното време ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови се очекуваат локални врнежи и услови за нестабилност наречена невреме со пороен дожд и грмежи. Максималните температури ќе достигнат до 29 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.