Изгубил контрола и се превртел со мопедот: Тешко повреден 16-годишник

Макфакс

14/09/2026

13:30

162

Големина на фонт

а а а

На патот Пробиштип-с.Крупиште вчера се случи сообраќајна незгода во која 16-годишник изгуби контрола над својот мопед и се превртел, при што се здоби со тешки повреди и беше пренесен на лекарски преглед.

Вчера во 15:00 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на патот Пробиштип-с.Крупиште, во атар на с.Лезово, 16-годишник од с.Злетово, пробиштипско, управувајќи мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со мопедот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавната здравствена установа „Нада Михајлова“ во Пробиштип.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.