[ВИДЕО] Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Макфакс

14/09/2026

12:30

157

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски ги критикува неправилностите во македонското правосудство, посочувајќи дека тој систем е под влијание и заштита на политичките партии СДС и ДУИ, што ја поткопува довербата на граѓаните во правдата.

16 жртви во Ласкарци, укината пресуда. 14 жртви во Модуларната болница, нема обвинение. Случај Мазут, вреден 167 милиони евра, запрена истрага. Ова не е случајност. Ова е правосудниот систем кој е поставен од СДС и ДУИ кој и денес ги штити нивните луѓе и интереси, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ, додава тој, ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа последната линија на одбрана на системот што го создаваа со години.

„Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска и Африм Фидани се дел од малкумината судии и обвинители кои грчевито ги штитат од одговорност поранешните функционери на СДС и ДУИ.

Кога треба да одговара некој од нивниот круг, предметите се развлекуваат, истрагите се затвораат, а пресудите паѓаат.

Тоа е причината зошто граѓаните не му веруваат на правосудството.

Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури“

Правосудството, според Манасиевски, треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ.

Времето на недопирливите, како што вели, мора да заврши. „Одговорност мора да има за секого“.