Неколку улици во Чаир и Амбуланта Бит Пазар денеска без вода

Макфакс

14/09/2026

07:41

218

Големина на фонт

а а а

Поради планирани работи на водоводен приклучок во населбата Чаир денеска повеќе корисници во околината на Амбуланта Бит Пазар ќе останат без вода, соопштуваат од ЈП Водовод и канализација.

Поради планирано исклучување на водоснабдувањето за ден 14.09.2026 година од страна на ЈП Водоснабдување и канализација:

– Изведување на водоводен приклучок Ф-225мм на улицата Отокар Кершовани бб кај Амбуланта Бит Пазар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Петре Георгиев, Отокар Кершовани, Крсте Мисирков 14 и Амбуланта Бит Пазар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.