Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Макфакс

12/09/2026

09:00

244

Големина на фонт

а а а

Во северозападна Франција, регионален воз со околу 180 патници излета од шините, при што најмалку 44 лица се повредени. Несреќата предизвика голема итна интервенција и во тек e истрага за причините.

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа излета од шините меѓу Руан и Кан во северозападна Франција, јави БФМТВ цитирајќи локални власти.

Според телевизијата, возот се судрил со сè уште неидентификуван предмет. Еден вагон се превртел, а четири други излетале од шините.

Францускиот министер за транспорт, Филип Табаро, првично изјави дека се повредени околу 20 лица.

Несреќата се случила околу 19:30 часот по локално време, што предизвикало итна интервенција од големи размери, пренесе ДПА.