Средбата помеѓу министерот за правда Јетон Шасивари и претседателот на Европскиот комитет за спречување на тортурата Алан Мишел ја третираше важноста од подобрување на условите и почитување на човековите права во казнено-поправните установи, како и унапредување на стандардите во согласност со европските препораки.
Подобрувањето на условите во казнено-поправните установи и доследното почитување на човековите права беа дел од темите за кои се на разговараше денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со Алан Мишел, претседател на Европскиот комитет за спречување на тортурата и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT).
На состанокот беа разгледани актуелните состојби во казнено-поправните установи, како и напредокот во спроведувањето на препораките содржани во претходните извештаи на Комитетот.

Соработката со CPT е важна за унапредување на системот на извршување на санкциите и обезбедување на почитување на човековите права и достоинството на лицата лишени од слобода.
Во периодот што претстои, од Министерството за правда велат дека ќе продолжат да работат на унапредување на стандардите во казнено-поправниот систем, во согласност со препораките на Комитетот и европските практики.








