Силно невреме предизвика отворање на голема дупка пред вилата на Николас Кејџ во Малибу, по што беше наредена евакуација на неколку имоти близу брегот на Лос Анџелес поради безбедносен ризик и уривање на теренот.
Силно невреме на брегот на Лос Анџелес загрози неколку куќи во Малибу, меѓу кои и вилата на актерот Николас Кејџ. Во непосредна близина на неговиот дом се отворила голема дупка во земјата, поради што властите наредиле евакуација на погодените имоти.
Бурното море, високата плима и силните бранови предизвикале уривање на дел од брегот и пристапите до куќите покрај океанот. Вилата на Кејџ, вредна 10,5 милиони долари, е една од петте недвижности означени со црвена ознака, што значи дека престојот во нив во моментов е забранет поради безбедносен ризик.
Дупката што се отворила пред имотот на актерот е широка и долга околу девет метри и се наоѓа многу блиску до куќата.
Во инцидентот нема повредени, но поради опасноста од дополнително уривање, градот Малибу прогласил вонредна состојба. Екипите на терен се обидуваат да го обезбедат оштетениот дел од брегот пред новата плима.
Невремето што го погодило крајбрежјето на Лос Анџелес е поврзано со остатоците од ураганот Мари.
Кејџ ја купил вилата во Малибу во 2024 година за 10,5 милиони долари. Куќата има површина од околу 370 квадратни метри и се наоѓа непосредно покрај океанот.








