Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Макфакс

09/09/2026

15:10

125

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека во јули и август македонската годишна инфлација е под просекот на Европската Унија, што се смета за позитивен економски достигнување во услови на предизвици.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави:

„Па, да, јас кажав, ние успеваме веќе два месеци по ред да имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија. Во јули беше 2,3%, додека во Европската Унија беше 2,9%, во август беше 2,6%, а на ниво на Европската Унија е 3,3%. Се сеќавате пред четири години кога нѐ убедуваа дека инфлацијата којашто тогаш беше двоцифрена — 16, 17, 18% — дека е увезена од Европската Унија, гледате дека можело, кога се сака, кога се знае, можело да се направи нешто што е подобро од оттаму. Така што мора да веруваме во себе, да не веруваме во лаги и клевети на луѓе коишто самите се препознаваат како талог, жалам. И на такви луѓе коишто самите се препознаваат како талог, коишто сè уште држат прес-конференции, иако никој не ги именува и на отворена сцена плачат — бидејќи самите се препознаваат како талог — не треба да им се верува.“