[ВИДЕО] Херојски чин на Македонец во Грција: 15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Макфакс

09/09/2026

15:33

652

Големина на фонт

а а а

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола ги спасил од давење мајка, татко и дете на плажа во Грција. Тој храбро влегол во силните бранови и ги извлекол сите тројца од морето, предизвикувајќи аплауз од присутните.

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето на плажа во Олимпијада, Грција.

Драмата се случила откако силните бранови ги однеле мајката, таткото и нивното дете подалеку од брегот.

Во моментот кога жената повикувала на помош, Михаил влегол во разбрануваното море. Според сведоштвото на неговото семејство, тој најпрво ја извлекол жената, потоа детето, а на крај и таткото, по што целото семејство безбедно било извлечено од водата.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле 15-годишниот битолчанец со силен аплауз.