По завршувањето на големиот светски спектакл во Скопје, градските екипи брзо и посветено го расчистија отпадот околу стадионот и во градскиот парк, обезбедувајќи чист и уреден простор по големата прослава на независноста на Македонија.
По ноќта исполнета со музика, радост и илјадници граѓани кои ја славеа независноста на Македонија, грижата за Скопје продолжи до раните утрински часови, извести градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Веднаш по завршувањето на светскиот спектакл, екипите на Град Скопје започнаа со расчистување на отпадот околу стадионот и во Градскиот парк.
Со многу труд и посветеност, се погрижија зад големата прослава да останат убавите спомени, а утрово просторот повторно да биде чист и уреден“, кажа градоначалникот.








