Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Макфакс

08/09/2026

17:40

272

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од Кавадарци уапсиле 52-годишен маж поради вознемирување на поранешната сопруга, при што било утврдено дека бил под дејство на алкохол со 2,81 промили во крвта.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци.

Полицијата постапила по претходна пријава дека извесен период ја вознемирувал неговата 41-годишна поранешна сопруга, доаѓал во близина на нејзиниот дом и работното место и се обидувал да воспостави контакт со неа.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,81 промили алкохол во крвта. Л.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава