Во Прилеп се случи сообраќајна несреќа каде што патничко возило удри во пешакот Н.Т.(72), а возачот избегал од местото на настанот. Пешакот се здобил со тешки повреди, а властите преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 03:50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Н.Т.(72) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.








