Осуденик пронајден починат во затворот Идризово

Макфакс

07/09/2026

12:30

1.463

Големина на фонт

а а а

Во еден од македонските затвори, осуденик бил пронајден починат, а за причините се истражува со обдукција по налог на јавен обвинител.

Во СВР Скопје вчера во 05:00 часот од Казнено поправната установа-Затвор Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат Д.М.(60) од Неготинско, осуденик во установата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.