Бројот на жртви се зголемува од час во час: 1.344 луѓе загинаа во поплавите во Непал, речиси 5.000 се водат како исчезнати

Макфакс

05/09/2026

21:30

128

Големина на фонт

а а а

Катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет предизвикаа голем број загинати и исчезнати лица. Спасувачките операции продолжуваат, а бројот на пострадани се зголемува со тек на време.

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денес непалските власти.

Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето на кинеската страна од границата во Тибет се искачи на 16, а 546 лица се уште се водат како исчезнати.

Околу 70 Американци се водат како исчезнати во лизгањата на земјиштето и поплавите што го погодија граничниот регион меѓу Непал и Тибет пред десет дена, а досега се спасени 17 Американци.

Спасувачките операции во регионот продолжуваат и досега, благодарение на меѓународната помош, околу 12.000 луѓе се спасени, додека повеќе од 5.000 повредени добиле медицинска помош.

Катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Кина на 26 август беа предизвикани од уривање на огромно парче глечер, широко околу 600 метри, кое се лизнало од висина од околу 5.200 метри со брзина од повеќе од 100 километри на час, а чие влијание во долината предизвикало земјотрес со јачина помеѓу 4,4 и 5,2 степени според Рихтеровата скала.