Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Дебар поднесе кривична пријава против маж кој нападнал полицајци и оштетил инвентар во полициска станица, откако бил под дејство на алкохол.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.А. (29) од селото Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, „загрозување на сигурноста“ и „оштетување туѓи предмети“.
Според МВР, на 28 август пријавениот физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија.
Откако бил лишен од слобода, тој оштетил и дел од инвентарот во полициска станица.
По извршените проверки било утврдено дека 29-годишникот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.








