Меси стави крај на репрезентативната кариера, Мурињо му се поклони: СП и Копа Америка…

Дерби

01/09/2026

11:52

81

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси и официјално стави крај на репрезентативната кариера.

Оваа вест беше претходно најавена од некои негови играчи, сонародници, но сега стигна потврда и од самиот Лео кој со емотивна објава на социјалните мрежи стави крај на една убава, успешна приказна, приказна со „гаучосите“ со кои беше олимписки, светски првак, славеше во Копа Америка, го освои пехарот во Ла Финалисима…

Ваквата одлука донесе доста реакции пред се од луѓето од фудбалскиот свет, а меѓу оние кои се огласија беше и тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо кој порача:

- Честитки за прекрасната и незаборавна меѓународна кариера. Следната Копа Америка и следното Светско првенство нема да бидат исти во твое отсуство како што беа порано, - порача специјалниот.