„Еко-свест“: Сеча на шума во Маврово, се отвора пат за изградба на мала хидроцентрала

Макфакс

26/08/2026

11:10

91

Големина на фонт

а а а

Активистите од организацијата „Еко – свест“ алармираат за нова сеча на шума во Националниот парк Маврово, што се врши со цел изградба на мала хидроцентрала на реката Рибничка. Овој проект предизвика критики од повеќе страни, вклучувајќи ја и домашната јавност, и се бара итно репрогласување и законска заштита на паркот за да се спречат незаконски дејствија.

Од „Еко – свест“ алармираат дека добиле информации од населението дека се поставени машини за сеча на шума со што се отвора пат за изградба на МХЕ Рибничка.

Изградба на мала хидроцентрала

„Деновиве во паркот се подготвува нова сеча на шума, за потребите на изградба на малата хидро централа на реката Рибничка. За овој проект имаше силна критика од меѓународната стручна јавност и Бернската конвенција, македонските граѓански организации како и локалното население. Овој проект не само што не е во функција на заштита на природните вредности на паркот, тој е во директна штета за управувањето на ова заштитено подрачје“, изјави Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко-свест“.

Потреба од итно репрогласување

Таа вели дека потребно е итно репрогласување на паркот, односно итно донесување на нов Закон за прогласување на НП Маврово за заштитено подрачје.

Законска обврска за заштита

„Тоа е единствениот начин да се стави крај на овој правен вакуум, да се прекинат незаконските активности и да се воспостави вистинска заштита на природното богатство. Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата не смеат повеќе да го игнорираат овој проблем – репрогласувањето на НП Маврово е нивна законска обврска“, велат од „Еко-свест“.

фото/Depositphotos