Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по цена на човечки животи, како во времето на СДС и Филипче

Макфакс

25/08/2026

19:42

150

Големина на фонт

а а а

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја критикува СДСМ и Филипче за нивниот став кон развојот на Македонија. Тој потенцира дека нема да се дозволат матни тендери кои можат да чине човечки животи и најавува продолжување со поддршка на високи технологии и инвестирање во чиста животна средина.

Изјавa на министерот за дигитална трансформација

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чива одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и национални интереси“, напиша на социјалните мрежи, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Работа за иднината и напредокот

„Но, ние ќе продолжиме да работиме за иднината и напредокот. За нивно жалење, ќе има и нови инвестиции во високи технологии и ќе се развива Македонија во дигиталната сфера. Тоа никогаш нема да значи компромис со животната средина, воздухот и водата. Ние не сме луѓе кои ќе дозволат, заради матни тендери, живи да изгорат пациенти во болници. Или да немаат една контрола за чистота на вода со години, а да вршат функција министер за здравство“, напиша Андоновски.