Времето утре – сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Макфакс

25/08/2026

18:54

107

Големина на фонт

а а а

Временската прогноза за утре предвидува сончево и топло време со појава на пороен дожд и грмежи во попладневните часови на одредени места, додека температурите ќе се движат меѓу 13 и 37 степени.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на сончево и топло време. Попладне наместа ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.