Залутан куршум оштети автомобил паркиран на булеварот „АСНОМ“

Макфакс

24/08/2026

13:40

116

Големина на фонт

а а а

Автомобил паркиран на булеварот АСНОМ бил оштетен од залутан куршум, пријавено од сопственичката Е.Ј. од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15:53 часот во СВР Скопје, 34-годишната Е.Ј. од Скопје пријавила дека нејзиното патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на булеварот „АСНОМ“ било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје.

Зрното било подигнато и се преземаат мерки за расчистување на случајот.