Судир меѓу трактор и „голф“ во Липково: Тешко повредени две лица

Макфакс

24/08/2026

13:40

99

Големина на фонт

а а а

Во општина Липково се случи сообраќајна несреќа помеѓу трактор и патничко возило „голф“, при што две лица се тешко повредени, а увид направи полицијата од Куманово.

Вчера околу 20:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат село Алешевце-село Слупчане, во село Алешевце, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со кумановски регистарски ознаки управуван од С.М.(32) од с.Черкези, кумановско и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Ќ.(64) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од тракторот Ш.М. и М.М., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.