Го лажела партнерот од Косово дека е трудна и „заработила“ 18.000 евра: Кривична против жена од Гостиварско

Макфакс

24/08/2026

13:40

115

Големина на фонт

а а а

Жена од гостиварското село Дебреше е пријавена за измама, откако ја довела во заблуда својот партнер од Косово дека е трудна и преку тоа од него добила 18.000 евра.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишната Е.Р. од село Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.

Пријавената го довела во заблуда нејзиниот партнер од Косово дека е бремена, при што тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил 18.000 евра, по што признала дека го лажела дека детето е негово за да испраќа пари.