На граничниот премин Табановце е уапсен германски државјанин на возраст од 27 години по пронаоѓање на марихуана во неговото возило. Лицето е спроведено во полиција и против него ќе биде поднесена пријава.
Вчера во 11:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишниот К.Г. од Сојузна Република Германија.
При преглед во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било спроведено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








