42-годишен маж од Битолско загина во сообраќајна несреќа откако изгубил контрола врз мопедот и излетал надвор од коловозот кај селата Меџитлија и Старавина. На местото е констатирана неговата смрт, а увид изврши полицијата.
Тешка сообраќајна несреќа во Битолско
Вчера во 20:30 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат село Меџитлија – село Старавина, 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци, битолско, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Од здобиените повреди Д.Ј. починал на местото, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.








