СДСМ: Падна просечната плата за 1.163 денари, а трошоците растат – „веселата математика“ на Мицкоски не ги полни фрижидерите

Макфакс

22/08/2026

10:39

221

Големина на фонт

а а а

Во соопштение од СДСМ се истакнува дека и покрај тврдењата на Христијан Мицкоски за значително покачување на платите и пензиите, просечната плата фактички опаднала за 1.163 денари, додека трошоците за живот продолжуваат да растат, што остава многу семејства со празни фрижидери и ограничени средства.

СДСМ: Падна просечната плата за 1.163 денари, а трошоците растат – „веселата математика“ на Мицкоски не ги полни фрижидерите

Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира „весела математика“ дека платите се покачени за 72 отсто, а пензиите за 325 отсто, просечната нето-плата се намали за 1.163 денари, обвинува СДСМ.

Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 отсто, се наведува во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.

„За падот на животниот стандард на граѓаните не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните фрижидери и во празните паричници.

Просечната плата за еден месец паднала за 1.163 денари, минималната плата од 26.000 денари не е доволна ниту за третина од потрошувачката кошничка, која порасна на 70.000 денари.

Високите цени секојдневно ги празнат семејните буџети.

Тоа е вистинската слика за „третата економија во Европа“ на Мицкоски.

Веселата математика на Мицкоски не може да ја плати сметката на ниту едно семејство.

Помала плата. Поскап живот. Празни џебови и празни фрижидери.

Но, ајде да зборуваме за убави работи – доаѓа нов авион за Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.