На граничните премини Табановце и Богородица се формираат гужви со време на чекање до еден час, додека возачите се предупредуваат на зголемен сообраќаен интензитет и промени на патиштата во Македонија.
На граничните премини
, за влез и излез од државата, и
, за излез од државата, времето на чекање е од 40 минути до еден час, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од АМСМ додаваат дека е зголемен и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. Возачите се повикуваат на внимателно управување и почитување на сообраќајните правила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и особено внимание на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во периодот од 17 август до 1 октомври, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, изменет е режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод.
Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен режим на сообраќај, со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендите, како и во денови со екстремно високи температури.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерството за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток, во периодот од 11 до 17 часот.












