Македонија гори: Девет активни пожари, огнот беснее на повеќе локации

Макфакс

22/08/2026

09:31

798

Големина на фонт

а а а

Во Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни на повеќе локации, додека други се под контрола или изгаснати.

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Студеничани – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково – кај селото Никуштак, во Општина Крушево – кај селата Белушино и Јакреново, во Општина Врапчиште – кај село Ломница, во Општина Желино – кај село Церово, во Општина Тетово – кај село Бродец и во Општина Прилеп – кај село Бонче.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај прилепските села Чаниште, Крушевица, Лопатица и Дуње кон Црна Река.