[ФОТО/ВИДЕО] Меланија Трамп првпат во јавност по гласините за брачна криза: „Слушам дека ви недостигав?“

Точка

21/08/2026

16:05

787

Големина на фонт

а а а

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, повторно се појави во јавност по 32 дена отсуство, а нејзиното враќање во Белата куќа беше проследено со шега.

 Американската прва дама претходно последен пат беше видена на 19 јули, на финалето на Светското првенство во фудбал.

Меланија ѝ се обрати на јавноста во свој стил

Меланија и Доналд Трамп заедно излегоа од Овалната соба и држејќи се за раце, се упатија кон говорницата во Розовата градина на Белата куќа. Претседателот потоа седна меѓу гостите, додека првата дама го отвори настанот со кратка порака.


„Добар ден. Слушнав дека сум ви недостигав? Еве ме“, рече таа низ смеа.

Првата дама на настанот зборуваше за својата иницијатива „Fostering the Future“ и најави донација од два милиони долари за проширување на програмата за стипендии на два универзитети.


Нејзиното враќање следуваше по медиумските написи и шпекулации за нејзиното отсуство, како и по зголемениот интерес на јавноста за Натали Харп, извршната асистентка на Доналд Трамп. Харп не присуствувала на настанот во Белата куќа.


Американскиот портал „Daily Beast“ објави две писма кои Харп наводно му ги испратила на американскиот претседател за време на неговото патување во Шкотска и Ирска во 2023 година. Писмата претходно делумно беа споменати во книгата „All or Nothing“ на Мајкл Волф, но сега нивната содржина може да се прочита во целост.



Харп во едно од писмата изразила жалење што, според нејзините зборови, го изгубила фокусот, а на Трамп му порачала дека тој ѝ е исклучително важен.



„Тоа е стравот што го гледате, бидејќи никогаш не сакам да ви донесам ништо друго освен радост. Жал ми е што го изгубив фокусот. Вие сте единственото нешто што ми е важно. Никогаш не сакам да ве изневерам. Ви благодарам што сте мој чувар и заштитник во овој живот“, наводно напишала Харп.